Документарни

МЕРЛИН МОНРО: ПОДЕМОТ НА ИКОНАТА – сабота, 03 јануари 2026 – 19:30

Во февруари 1954 година, Мерилин Монро го прекина својот меден месец во Јапонија со Џо Димаџо и отпатува во од војна разорена Кореја, по покана на американската армија, за да учествува на турнеја со цел да ги развесели американските војници.

Во текот на тие четири дена, таа пееше пред повеќе од 100.000 војници, исцрпени од тригодишните борби против комунистичките сили. И покрај смрзнувачкиот студ и тремата од настап, таа ги изведе своите препознатливи песни, како „Diamonds Are a Girl’s Best Friend“, во рамки на 10 настапи. За Мерилин Монро, тоа беше пресуден момент — со својот прв настап пред публика, таа се сретна со американската публика, но и се откри себеси. Подоцна ќе изјави дека тогаш за првпат „се почувствувала како ѕвезда“.

Благодарение на целосно реставрирани архивски снимки, овој филм нè води низ еден малку познат, но клучен период од животот и кариерата на Мерилин Монро. Преку ова патување, пред нас се откриваат и приказната за Корејската војна, како и портретот на една длабоко антикомунистичка Америка.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВО СТОМАКОТ НА ГРАДОТ – НАСКОРО

Promo Telma

АЈДЕ СИТЕ НА ПЛАЖА – НАСКОРО

Promo Telma

ПЈОНГ ЈАНГ СЕ ЗАБАВУВА -сабота, 04 јули 2026 – 17:20

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе