Вести Култура

„Силјан“ на Тамара Котевска настан кој ја обележа 2025 година

„Триумф”, „апсолутен шармер”, „импресивно дело”,„прекрасна и нежна меланхолија деликатно поврзано со екосистемот, кој е предизвикан од притисокот на модерниот живот во Македонија” вака светските филмски критичари го оценија документарниот филм „Приказната за Силјан “ во режија на Тамара Котевска. Доказ за тоа се наградите кои ги пронижа на сите меѓународни релевантни фестивали како и откупувањето на филмот од страна на National Geographic. Најновиот документарен филм на македонската режисерка Тамара Котевска, „Силјан“, ќе ја има својата скопска премиера на 4 јануари.

2025-та  Тамара Котевска и нејзината „Приказна за Силјан“ беше еден од ретките настани на кои се радуваше и за кои навиваше целата јавност и стручната фела. Сонот на едно девојче кое секој месец чекаше пред маалската трафика да го купи National Geogrpahic стана реалност. Македонски филм за првпат на светски познатата телевизиска мрежа National Geogrpahic. На ова претходеше специјалната „Награда на музата“ на Венецискиот филмски фестивал за најинспиративен филм вон конкуренција.

„Беше признание на луѓе кои што ценат филм. Со National Geogrpahic многу беа лесни преговорите, буквално имавме еден состанок ни кажаа дека годинава немаат силен кандидат и дека кога го виделе овој филм се заљубиле во него и дека сакаат да го превземат ризикот иако вообичаено прават едногодишни кампањи. Овој пат сакаат да го превземат ризикот да одат на полугодишна кампања и веднаш да се пушти во дистрибуција, сега дали згрешиле или не, никогаш не се знае со таа кампања за оскарите така што за мене тоа лично не е пресудно за најголем успех за филмот“, изјави Тамара Котевска, режисерка и продуцент на „Силјан“.

Во меѓувреме „Силјан “ доби 6 награди и 13 номинации на престижни филмски фестивали. Целата македонска јавност гласаше за Cinema Eye Honors, гласовите од публиката и резултатите ќе бидат објавени на 8 јануари.  На долгоочекуваното дерби помеѓу ривалите Работнички и МЗТ, за прв пат заеднички навивачките групи се сплотија во поддршката за „Силјан“. Сепак „Приказната за Силјан“ и покрај прогнозите не влезе во топ 15 филмови за оскаровска трка.  Беше квалификуван во две категории: најдобар странски филм и најдобар документарец.

„Чувствував огромна поддршка и од јавноста и од повеќето мои колеги, што можеби не се случува секогаш, можеби зависи од тоа како индивидуалецот се постапува према работите, не можам да кажам дека е промена бидејќи и порано имаше огромна поддршка во време на „Медена земја“, овој пат тоа беше и те како нагласено, се виде тоа и по   колку луѓето беа активни“, вели Котевска. 

На прашањето што со оние коментари дека сепак филмот не влезе во официјалната конкуренција за Оскар, таа со едноставен одговор :

„Луѓето гледаат на тоа или Оскар се зема или ништо, нема средина. Тоа не ми се допаѓа од причина што настрана мојот личен пат на таа тема што сум имала шанса со два филма тоа да го видам, меѓутоа јас многу збиднувања во филмот ги гледам како доста политизирани и географски локализирани и се под стара слава останати како збиднувања како репер за врвот, но тоа не е така денес. Да не биде тоа на ниво на фудбалски натпревар да се сфаќа, како „победивме изгубивме 1:0“ затоа што не е фудбалски натпревар, тоа е култура“, додава Котевска. 

Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска ќе ја има македонската премиера на 4 јануари во Македонскиот народен театар.

Нина Стефанова

Дигитална обработка: T.Д.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Пропадна можноста за суштински изборни реформи, ДПМНЕ и СДСМ си обезбедија 10 милиони евра за политичка пропаганда

Sasko Dimovski

СДСМ: Вистинската штета не се изгубените 4,2 милиони евра, туку застојот на евроинтеграциите

Sasko Dimovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, ДУИ и Левица се блокатори на Изборниот законик и на реформите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе