Вести Македонија Најважни

Осум месеци затвор за екс-директорот на „Шутка“, Филип Андов

Осум месеци затвор доби екс-директорот на затворот во Шутка, Филип Андов Сокол обвинет за  злоупотреба на службената положба, а на шестмината затворски полицајци, Кривичен им пресуди условна. Обвинети се дека им овозможиле на петмина осуденици во девет наврати незаконски да бидат спроведени до нивните домови и на други локации за приватни потреби, без да се испочитува процедурата.

Андов, кој е член на Извршниот одбор на СДСМ, гледа политичка позадина во целиот случај. Тврди дека ниту сведоците на обвинителството не ја потврдиле тезата на обвинението, а судот не направил разлика меѓу молба за излегување од затоврот со спровод од погодностите за кои одлучува комисија.

Одбраната ќе се жали на пресудата. Од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) ќе се произнесат откако ќе го прочитаат образложението на пресудата.

„По добивање на пресудата и проучување на наводите во неа, ОЈО ГОКК ќе донесе одлука дали истата ќе ја обжали“, велат од ОЈО ГОКК.

Судењето почна на крајот од летото. Обвинетите негираа вина, а екс-директорот тврдеше дека сите работеле законски и дека не ја ставиле во ризик безбедноста на затворот.

Обвинителката, пак, тврдеше дека спровод на осуднеици е дозволен само до институции, а не како во конкретниот случај кога биле носени дома.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прирачниците против врсничко насилство на „Макпетрол“ достапни на вебсајтот на „Крени глас“

Дејан Дејан

Франција активира план за вонредни ситуации поради ектремните температури

Sasko Dimovski

Забрана да контактираат меѓу себе и со жртвата – Обвинителството бара мерки за малолетниците кои извршија грубо насилство врз девојче и го снимаа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе