Бугарската клиника за испитување на лекови “Комак Медикал” , започнала денеска без ограничувања да вакцинира македонски граѓани, со вакцината на Фајзер против Ковид-19, потврдил за бугарските медиуми, бизнисменот и организатор на имунизацијата, Милен Врабевски.
Вакцинацијата ќе се спроведува во клиничкиот центар на компанијата во дворот на Александровската болница во Софија, но исто така и во мобилни центри во меѓуграничната зона на бугарско-македонската граница. Како што тврди Врабевски, тоа се прави со цел да се избегне потребата од негативен ПЦР тест, неопходен за влез во Бугарија.
Сертификати ќе бидат издавани само за лицата со матични броеви од Бугарија или бугарски пасоши, но Врабевски тврди дека нема да биде вратен ниту еден македонски граѓанин, кој сака да се вакцинира.