Системска злоупотреба на тендер тежок 1,2 милиони евра, случај преку кој наводно се „пумпаат“ околу 300.000 евра годишно, објави денеска СДСМ.
Според пријавата што до нив била испратена од свиркач од Пошта, фиктивни хигиеничари, скратено работно време и лажни извештаи служеле за прикривање на коруптивната шема. Од партијата бараат итна истрага и велат дека прашањето е кој ги зема парите и кој ќе сноси одговорност.
БС КЛИНИНГ на советникот во Кисела Вод од Знам, Сашо Петровски ги демантира обвинувањата од СДСМ. Лажни се тврдењата дека неговата фирма не ги исполнувала за да учествува на тендерот. Според БС Клининг, договорот не е доделен на една фирма, туку е склучен со група понудувачи, која како целина ги исполнувала сите услови утврдени во тендерската документација.
Од фирмата велат дека тендерот го добиле во септември, а два месеци подоцна Петровски станал советник, додека пак во меѓувреме била променета и сопственичката структура. СДСМ вчера обвини дека фирмата незаконски го добила тендерот од државни пошти, и две години ќе ги чисти нејзините простории за 1,2 милиони евра. За фирмата ова се неосновани, тенденциозни и злонамерни обвинувања.
