Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Предлогот за распишување на референдум за нацрт-законот за дигитализирање на учебниците

/

Македонија

Сподели преку :

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ го достави до претседателот на Собранието  предлогот за покренување иницијатива за распишување на референдум, со цел изјаснување на граѓаните околу нацрт законот за дигитализирање на учебниците во основните и средните училиштата. За овој предлог до сега биле собрани околу 600 потписи само на подрачјето на град Скопје, велат од граѓанската иницијатива.

  • Во прилог ги доставуваме обрасците со потписи и изјавите на граѓаните. Согласно законот очекуваме во рок од три дена по доставувањето на Предлогот за референдум, а во спротивно ќе сметаме дека предлогот е уреден и согласно уставот и законите ќе пристапиме кон собирање на 10.000 потписи за подршка на иницијативата за распишување на референдумот. 03:16 Доколку не бидеме прифатени и од претседателот на Собранието, ние денес ќе се упатиме и до Владата ќе продолжиме со мирни протести се со цел да го спречиме овој Предлог закон – Драгана Спасевска, иницијатива „ Учебници и настава мора да има“. 

 

 

Jumbo 2