Завршува првото полугодие од учебната година во која за прв пат беше воведено ново системско решение – формално образование за децата на подолго болничко лекување. На иницијатива на здружението САНО кое им помага на децата со канцер во соработка со Министерството за образование и наука направена е законска измена и подзаконски акти со што, на дечињата кои оправдано отсуствуваат од настава подолго од три недели, им се овозможува да го продолжат образованието преку онлајн вклучување во наставата во реално време во својот клас.
Триесет и пет деца кои во одреден период во овие четири месеци од првото полугодие, поминале на детската клиника, но и оние во домашни услови поради лекување, беа вклучени во наставата преку посебно уредена форма. Со ова ја надминавме децениската битка вели Марија Вук, но и спречување на еден вид дискриминација која можеше да се провлекува и во иднина.
- Сите деца кои се на боледување имаат можност да учат станува збор за онлајн настава и ниту едно дете нема да биде исклучено од наставата- Марија Вук, претседателка на Здружението САНО.
Во одредени случаи наставникот може да организира и индивидуална настава во зависност од состојбата на ученикот, по прилагодена наставна програма на таквата состојба.
- Се разбира не е само знаењето кое ќе го стекнат при онлајн наставата најважно, туку прифаќањето на другарчињата и целиот клас во кој што детето учело. Споделувајќи емоции, социјални моменти и тага и радост, делејќи искуства меѓу себе и оттука сметам дека можеме да кажеме дека сме успешни- Весна Јаневска, министерка за образование и култура.
Ваквата иницијатива на Здружението САНО и МОН беше предизвик и за Бирото за развој на образованието работејќи на формален документ за инклузија на децата кои се на болничко лекување.
- Реков формален документ, но ова е попрво алатка која треба да се примени во процесот на терен и сметаме дека направивме огромен чекор заеднички- Милка Тримчевска, директорка на Биро за развој на образование.
За оваа цел беа спроведени обуки во кои беа опфатени над 166 наставници во 83 училишта во 7 општини.
Нина Стефанова
Јаневска: Во првото полугодие 30-тина деца на подолготрајно лекување редовно следеа настава
Б.С.
