Вести Македонија

Филипче: САД најавуваат посебен закон за Западен Балкан против корупцијата, сега е сè јасно

На денешниот брифинг со новинари, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, посочи дека Соединетите Американски Држави, како стратешки партнер на земјите од Западен Балкан, во изминатиот период повторно го враќаат фокусот на регионот, за што показател е најавата од САД за посебен закон за специјални санкции против лица поврзани со криминал и корупција.

  • „Значи, го враќаат фокусот тука на Балканот. И сега после тоа е веќе се јасно што се случува. А што прави нашата власт во меѓувреме? Се грижи само за своите луѓе“, рече Филипче.

Тој нагласи дека додека меѓународната заедница ја заострува борбата против корупцијата, Владата на ВМРО-ДПМНЕ си дели тендери.

  • „Видовме примери 161 тендер една компанија 5,3 милиони евра. Друга компанија 9 милиони евра само со двајца вработени “, посочи Филипче.

Притоа, Филипче информираше дека преку платформата на Антикорупцискиот тим на СДСМ, секојдневно пристигнуваат стотици документи и пријави за корупција во кои е вмешана власта.

  • „Во  Истражувачкиот центар за коруптивни операции секојдневно се примаат стотици документи пријави од граѓани од вработени во јавни институции, од луѓе блиски и членови на ВМРО-ДПМНЕ, на кои што очигледно им е преку глава тоа што нивните другарки и другари го прават“, рече Филипче.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе