Македонија

Претседателот Пендаровски ќе учествува на Процесот Брдо-Бриони во Словенија

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Словенија, по повод учеството на јубилејниот десетти состанок на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони.

Домаќин на состанокот којшто се одржува во Брдо кај Крањ, е претседателот на Република Словенија, Борут Пахор.

На состанокот, како што информираат од кабинетот на претседателот Пендаровски, ќе учествуваат претседателот на Република Албанија, Илир Мета, претседавачот и двајцата членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ и претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

По завршувањето на состанокот, предвидено е лидерите да усвојат финални заклучоци во однос на неколку клучни теми, како што се процесот на проширување на Европската Унија, справувањето со последиците од пандемијата на КОВИД-19, економското закрепнување на регионот на Западен Балкан и сл.

Во рамки на учеството на Процесот Брдо-Бриони, предвидено е претседателот Пендаровски да оствари повеќе билатерални средби со претседателите од регионот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична за директорот на „Национален парк Маврово“ – штета над 3 милиони денари

Дејан Дејан

Здружението на лекари по општа-семејна медицина бара реформи во примарното здравство

Дејан Дејан

Филипче со повик до власта заеднички да лобираат против бугарскиот амандман во ЕП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе