За четири месеци до надлежните институции пристигнале 30 досиеја за извршени кардиолошки и кардиохируршки интервенции од кои 4 се пристигнати месецов.
Додека се истражуваат сомнежите за евентуално непотребни операции, граѓаните доставуваат претставки, но и изразуваат дилеми дали и самите биле подложени на хируршки зафат без реална медицинска потреба.
Сомнителните случаи и медицинските картони веќе го поминаа првиот филтер на домашниот стручeн тим, додека странските експерти допрва треба да бидат вклучени на онлајн состанок, на кој ќе им бидат презентирани наодите.
Се отвора и поширока дилема, дали на пациенти во терминална фаза воопшто требало да им се даваат скапи третмани кои ништо не можеле да помогнат.
- „Оправданост во однос на очекуваните резултати дел од интервенции кои се екстремно скапи а не би требало да се вршат кај пациенти каде што освен палијативни мерки, третмани, не може ништо повеќе да се направи. Дека се исрцпени здраворазумските третмани“, вели Сашо Клековски, директор на ФЗОМ .
Случајот со сомнителни операции пред четири месеци го отвори кардиологот Сашко Кедев кој обвини дека приватни болници непотребно оперирале само за профит. Министерството за здравство формираше домашна комисија која ги истражува претставките, а се чека странската три члена комисија од Словенија, Австрија и и Италија да го даде конечниот збор и да открие дали имало или не непотребно извршени кардиолошки или кардиохирурпки операции.
Симона Петровска
Б.С.
