Според податоците на Еуростат за 2023 година, Македонија е на третото место во Европа по бројот на фемициди, односно убиства на жени од нивните партнери, со 6 случаи на еден милион жители. Повеќе случаи имаат само Латвија со 17 и Литванија со 10 на милион жители.
Во периодот 2018-2023 година, Министерството за внатрешни работи регистрирало 6.242 кривични дела поврзани со семејно насилство, вклучувајќи 33 убиства и 14 убиства во обид.
Невладините организации предупредуваат дека државата не обезбедува доволно средства, сместувачки капацитети и стручна помош за жртвите, што ги принудува многу жени да остануваат со насилникот.
