Вести Македонија

Почина радио-водителот Драган Б. Костиќ

На 75-годишна возраст почина еден од најпопуларните радио-водители и музички новинари Драган Б. Костиќ.

Костиќ е роден во Скопје во 1950 година, а кариерата ја започнал во тогашното Радио Скопје, прославувајќи се како со својот глас, така и со емисиите „Диско селектор“, која почна да се емитува во јуни 1974 и „Заборави ако можеш“, која ја водеше од 1991. Втората го доживеа своето 4.500 издание во октомври 2013 година.

Костиќ беше и еден од легендарните скопски диџеи и голем колекционер на музика. Во ноември минатата година, Костиќ прослави 50 години од радио-емисијата „Диско селектор“ со настанот „Последниот танц“ во арената „Јане Сандански“.

Во последните години беше познат и по своето телевизиско шоу „Б со точка“ и со онлајн емисијата „Кавервил“.

Погребот ќе се одржи утре, недела, 21 декември, а последна почит од 12:30 – 13:30 во капелата на гробиштата Бутел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца американски војници се убиени, а еден засега се води како исчезнат во иранските напади во Јордан

Igor Trajkov

Пикот на заболените е достигнат, што е контаминирано во Гостивар – водата или храната?

Igor Trajkov

САД извршија напади врз Иран седма ноќ по ред – Иран се закани со „целосна офанзива“

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе