Балкан Вести

Фото: Протести во Бугарија против корупцијата, не го сакаат еврото и бараат фер избори

Десетици илјади граѓани излегоа на улиците на Софија и други поголеми градови во Бугарија, барајќи фер избори и независно судство кое ефикасно ќе се справи со широко распространетата корупција во земјата. На транспаренти кои ги носеа граѓаните можеше да се види дека не го сакаат еврото како бугарска валута.

Демонстрантите порачаа дека земјата со децении нема вистинска политичка промена и побараа ново лидерство.

Протестите следуваат по минатонеделните демонстрации предизвикани од владините буџетски планови, кои предвидуваа зголемување на даноците и јавната потрошувачка.

Иако спорниот буџет за 2026 година беше повлечен, политичката криза се продлабочи, а владата на крајот поднесе оставка, оставајќи ја земјата без редовен кабинет и буџет… Претседателот Румен Радев се очекува да назначи техничка влада и да распише нови вонредни парламентарни избори, осми по ред од 2021 година.

Демонстрантите бараат избори без купување гласови и манипулации, како и одговорност во правосудството, само неколку недели пред Бугарија да се приклучи на еврозоната на 1 јануари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Индија

Kristina Kuzmanovski

Паднати дрвја од невремето во Дојран оштетија возила, натстрешници и кровови

Sonja Petrusevska

Левица: Додека од чешмите во Гостивар течел отров, институциите спиеле

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе