Границата со Грција од попладнево во 13 часот е отворена. Граѓаните коишто сакаат да патуваат ќе можат тоа да го сторат доколку покажат сертификат за примени две дози од било која вакцина против кодив-19, со негативен пцр тест. Но, пцр тест не е потребен за деца под 5 годишна возраст. Освен тоа, патниците ќе мора да ја пополнат електронската пријава на сајтот Патување Грција. Овој формулар ќе ги содржи информациите од каде и со што патувате, преку кој премин ќе поминете, лични информации како број на пасош и слично.
Претходно, во утринските часови, во меѓупросторот кај преминот Богородица-Евзони се создаде колона од возила претежно македонски и српски кои чекаа, но не успејаа да ја минат границата.
Забуната околу патувањето во Грција настана бидејќи вчера по средбата со грчкиот премиер Мицотакис, премиерот Заев најави дека од денеска се отвораат границите за странски туристи, без да се образложат условите под кои ќе биде возможно патувањето. Границата со Грција е затворена околу 14 месеци, од минатата година, со почетокот на ограничувањата за движење како резултат на пандемијата со Ковид-19.
Сузана Мицева