9 години – прва цигара. 13 години – прво пијанство. Истражување на Институтот за јавно здравје открива алармантни податоци: македонски малолетници лесно доаѓаат до цигари, е-цигари и алкохол. Тоа не е детска вина, туку негрижа на возрасните и пропуст на системот. Кој им продава? Кој им точи? Каде се родителите, училиштата и институциите? Децата не се родени со пороци – некој им ги става во раце, а државата замижува.
Ако на 9 пушат, а на 13 пијат – каква иднина градиме?
АНКЕТА: Дали општеството доволно ги штити децата? Да / Не
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
