Десетина лица меѓу кои и поранешниот директор на управата за матични книги Бујар Дарлишта и ЕСМ за топлинска енергија за затоплување на скопјани на местото на БЕГ се приведени во акција на истражните органи за организиран криминал. Според информации на Телма, Дарлишта бил уапсен синоќа на граничниот премин „Блаце“ на влез за Косово. Истагата се однесува на јавни набавки во ЕСМ во секторот за топлификација бидејки било откриено дека со интерени одлуки по предлог на тогашниот директор биле спроведувани количини за јавни набавки во секторот за топлификација.
Акцијата на полицијата започнала во текот на ноќта меѓу 17 и 18 декември 2025 година од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ – МВР, во координација и под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал соопштија дека ноќеска била спроведена акција на повеќе локации во Скопје и Куманово.
-Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ – МВР од ноќеска спроведуваат активности на повеќе локации во Скопје и Куманово, поради постоење на основано сомневање за сторени кривични дела од финансиско економска природа, се наведува во соопштението.
Повеќе детали најавуваат дерка ќе бидат споделени по завршување на теренските активности.
