Ковид19 Македонија Топ вести

На инфективните одделенија и во болниците ширум земјава се лекуваат 586 лица позитивни и суспектни на Ковид-19

Во ковид центрите во болниците низ земјава во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 344 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, со тоа вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 586 и има околу 860 празни болнички кревети во ковид центрите.

Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 33  пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 39 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има шест пациенти, во Велес се лекуваат 48 болни, а во Куманово 57 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 27, во ковид центарот во Гостивар 10, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 28 пациент, во Кочани 15 во Кичево пет, Кавадарци 16, а во Гевгелија шест лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, велат од Министерството за здравство и додаваат дека доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички  места до кои има довод на кислород.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Претседателот на Управниот суд Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе