Македонија

Невладините бараат од Пендаровски да не го потпишува указот на Законот за легализација на дивоградби

Невладини организации му пишаа на претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува указот на Законот за легализација на дивоградби.

Во образложението тие пишуваат дека законот е спротивен на темелните вредности на Уставот, за владеење на правото и уредување и хуманизација на просторот, и заштита на животната средина и природата.

Законот поттикнува мешање во ингеренциите на надлежните институции кои треба да се грижат за заштитата на животната средина, природата и здравјето на нашите граѓани.

Носење на вакви закони какви што имавме и во минатото, испраќа порака дека непланската градба и лошата градежна пракса можат да продолжат и понатаму, продолжуваат невладините и бараат од претседателот да го врати законот во собранието на измени и доработка.

Бараат законот откако ќе претрпи измени да се донесе по редовна постапка и со јавна расправа. На писмото се потпишани еко-свест, институтот за демократија- социетас цивилис, институт за комуникациски студии, зелен институт и други.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Избирачките места утрово отворени, гласањето почна во 7 часот

Дејан Дејан

ЈСП денеска сообраќа по неделен возен ред

Дејан Дејан

Граѓаните можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе