Вести Македонија Најважни

(видео)Парламентот формално го утврди престанокот на функцијата на Љупчо Коцевски

Откако државниот обвинител Љупчо Коцевски си поднесе неотповиклива оставка, Собранието нема да го разгледува предлогот за разрешување на јавниот обвинител, информираше собранискиот спикер Африм Гаши.

„Со тоа, парламентот формално го утврди престанокот на неговата функција без да се отвори расправа по иницијативата“, рече Гаши.

Со детали од Собранието за Вестите на Телма во 12:30 се јави Далиборка Демјанска.

Предходно јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски,  соопшти дека поднел неотповиклива оставка на својата функција, иако од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за неговото разрешување, што постојано беше наведувано како цел на  Премиерот Христијан Мицкоски е политичка одлука.

„Функцијата речиси две години ја работев чесно и заминувам со крената глава, но со разочараност“ – изјави Коцевски.

Политичка одлука со егзекуција во Собранието и без аргументи, прв барав одговорност и покренав постапки за обвинители- државниот обвинител Коцевски во обраќањето за оставката

  • Од почетокот тврдев дека евентуалната постапка за мое разрешување е политичка одлука. Затоа денеска поднесов неотопвиклива оставка од функцијата Јавен Обвинител на Република Северна Македонија, функцијата што во изминатите помалку од две години ја вршев чесно, достоинствено и од која заминувам со гордо крената глава, но и со разочараност. Поради очигледното не почитување на принципите врз кои почива -правната држава. Доказ за тоа е фактот што дури денес во 10 часот утрово, на само еден час пред закажаниот почеток ми беше доставена покана од Собранието. Да присуствувам на седницата во Собрание на која ќе се расправа за мое разрешување“, рече Коцевски.

(видео)Коцевски поднесе неотповиклива оставка на функцијата

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен е 62 годишник од струмичко – силувал малолетничка

Kristina Kuzmanovski

Клиничка болница-Штип со апел: Пациентите со скршеници да се транспортираат во другите болници

Kristina Kuzmanovski

Блупринт групата бара темелна истрага за загадувањето на водата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе