Премиерот Христијан Мицкоски од денеска престојува во работна посета на Брисел, каде што утре ќе учествува на Самитот ЕУ – Западен Балкан.
Во рамки на посетата, според најавите, премиерот Мицкоски и членовите на владината делегација вечерва ќе присуствуваат на настанот со наслов „Здравица за добрите соседи: Еве колку се добри Западните Балканци. Настанот се одржува под покровителство на еврокомесарката за проширување Марта Кос, а го организираат амбасадорите на земјите од Западниот Балкан во Брисел.
Како што се наведува во официјалната најава, станува збор за уникатен настан посветен на чествување на културното богатство, разновидноста и европската перспектива на Западниот Балкан, со посебен акцент на една од најсимболичните регионални традиции – уметноста на производство на вино.
