Вести Македонија Топ вести

Возиш автомобил на лизинг – казната од „Сејф сити“ ќе стигне на твојот телефон

Возило на лизинг или рент а кар не значи спас од казна на системот „Сејф сити“. Лизинг компаниите ги доставиле договорите за возила до МВР а кога станува збор за изнајмените возила кои најчесто ги користат странски државјани се креира законско решение кој ќе смее да ги користи податоците од банкарската сметка приложена при изјнамувањето за да се наплати казната.

Што ќе прави „сејф сити“ кога сопственик на возилото е лизинг или рент а кар компанија а не возачот кој го сторил прекршокот, на чии мејл адреси и телефонски броеви  Сејф сити“ ќе ги испраќа казните. Од МВР уверуваат дека опомените а потоа и казните стигнуваат на вистинска адреса –  мејл адресите и телефоните на сопствениците на возила кои ги отплаќаат на лизинг а не на компаниите.

Во моментот се уште се креира законското решение со кое ќе се овозможи наплата на казна за сторен прекршок со рент а кар возило кое го управувал странски државјанин без разлика дали е во Македонија или ја напуштил државата. Опомената, односно казната сепак ќе стигне мобилниот телефон и мејл адресата на одговорното лице во рент а кар компанијата која пак ги има податоците од банкарската сметка и кредитната картична на возачот кој го сторил сообраќајниот прекршок.

  • „Одговорност на одговорното лице ќе биде да ги даде податоците за лицето кое го управувало возилото кога е сторен сообраќајниот прекршок. МВР сериозно пристапи кон разгледување на ова прашање, имавме состаноци како со рент а кар така и со лизинг компаниите. Во тек се реформите, одредени законски се во Собраниска процедура и ќе почекаме да видиме што ќе биде одлучено“ – м-р Маја Арсовска – Манов.

Линзинг компаниите веќе доставиле дел од склучените договори за возила купени на лизинг  до МВР за да може системот да ги препознае сопствениците на тие возила.

  • „Лизинг компаниите до МВР веќе доставија дел од договорите односно ги доставија податоци за корисниците на тие возила. Тоа беше на првичниот состанок повторно ќе напоменат дека ќе сакаме да ги почекаме законските измени и реформи и ќе одржиме дополнителни состаноци“ м-р Маја Арсовска – Манов.

Она што е клучно е дека брзината на сообраќајот е забавена и во тест периодот намален е бројот на сообраќајни незгоди со повредени или жртви.

Од првичните податоци на секторот за сообраќајни работи досега имаме 127 жртви во 2025 година споредено со 142 жртви мината година. Во месец декември немаме ниту една жртва во сообраќајна незгода на територијата на Македонија“ – м-р Маја Арсовска – Манов

Ико беше најавено дека тест периодот ќе трае до крајот на годинава, според последните информации казните ќе ги заменат опомените од почетокот на февруари идната година а системот „сејф сити“ ќе функционира во Скопје, Тетово и Куманово.

Огнен Чанчаревиќ

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе