Авионот што падна денеска во Мавровското Езеро е од марката Пајпер и е регистриран во САД, потврдија за Телма од истрагата која се води за воздухопловниот инцидент. Летал локално односно од Косово, а во авионот биле двајца косовски државјани.
Полицијата соопшти дека двајцата од авионот успеале да излезат по падот и стигнале до брегот на Мавровско Езеро. Пилотот на авионот 64-годишниот Д.М. во разговор со полицијата изјавил дека поради проблем со моторот слетал во езерото.
Двајцата од авионот се префрлени во болницата, а лекарите утврдиле повреди на еден од нив. Инцидентот се случил околу 12:35 часот денеска.
Миомир Серафиновиќ
