Новороденче без знаци на живот било донесено вчера во прилепската болница „Борка Талески“, соопшти СВР Битола.
Бебето било старо само само осум дена, а телото е предадено на обдукција.
- „На 11.12.2025 во 08:35 часот, во СВР Битола е пријавено дека на Детското одделение при Општата болница во Прилеп без знаци на живот било донесено бебе на возраст од осум дена. По наредба на јавен обвинител, телото на бебето е дадено на обдукција“, велат од СВР Битола.
Родителите го нашле бебето починато кога се разбудиле. Ова било трето дете на мајката, која има и 17-месечно бебе и тригодишно дете.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
