Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против службено лице при ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп, поради основано сомнение за кривично дело „проневера во службата“.
Се сомничи дека во периодот од 2020 до 2021 година присвоил вкупно 250 илјади евра од наплатени партиципации и приватни здравствени услуги.
Според истрагата, пријавениот дел од средствата од шалтерите на болницата не ги уплатил на сметката на институцијата, туку ги присвоил за себе, со што ја оштетил болницата и нејзиниот буџет.
По насоки на Основното јавно обвинителство Прилеп, лицето е лишено од слобода и изведено пред судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп.
Б.С.
