Според Бошњаковски, Владата не може да се справи политички и системски поради слабостите кои со дениции се провлекуваат. Тој истакна дека и кога тој бил дел од системот го увидел тоа кога бил портпарол на Владата.
„Ние не можеме да ги реализираме тие работи затоа што нашите институционални слабости коишто се провлекуваат наназад со децении секој обид нешто да се смени, нешто да биде кон подобро завршувало како лабораториски неуспех во Македонија. Неможноста да направиме промени за било какви системски промени. Бев внатре и тоа беше секојдневно грчко-римски стил на борење со институциите и администрацијата“, изјави Миле Бошњаковски.
Бошњаковски додава дека целиот систем во државата е направен погрешно и пораснат во таа насока и оди во погрешна насока кон пензија.
„Политички премиерот секогаш јасно и не бара изговори дека нема теорија да се исполни условот со внесување на Бугарите во Уставот. И тој така експлицитно го кажува, ја не очекувам ни милиметар поместување во таа насока. Така што не би рекол дека постоела некоја работа во внатрешниот развој на ЕУ агендата во Македонија при вака јасни цврсти и политички ставови дека тоа нема да се случи се додека не добиеме некои политички гаранции притоа знаејќи дека не постојат гаранции“, вели Бошњаковски.
Невозможно е да се добие некој тип на гаранција, истакна Бошњаковски и додаде дека „се играме шах самите со себе со огледалото“ кога станува збор за внесување на Бугарите во Уставот со одложено дејство.
Т.Д.
