Вести Македонија Најважни

Зимзоленд ќе се отстранува – Општина Аеродром поведе постапка и најде пропусти

Општина Аеродром ќе го отстранува Божиќниот базар Зимзоленд, откако речиси две недели врти рингишпили без никаква дозвола и потребна документација. Ова за Телма го потврдија од Општина Аеродром. Откако вчера изјавија дека се ненадлежни, денес истите тие потврдуваат дека организаторите сепак немале никакви документи и тие ќе ги преземат потребните мерки, почнувајќи од постапка за демонтирање.

  • „Вчера во попладневните часови е извршен заеднички вонреден инспекциски надзор над работењето на организираната манифестација „Зимзоленд“. Во надзорот учествуваа Градежна инспекција на Општина Аеродром, Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд и Дирекција за заштита и спасување. Градежен инспектор на Општина Аеродром изврши увид и отпочна инспекциска постапка согласно со Законот за градење, Законот за инспекциски надзор и Законот за општа управна постапка за отстранување на поставената опрема,“ велат од Општина Аеродром.

Дополнителни неправилности откриле и инспекциите. Од Државниот пазарен инспекторат велат дека при вчерашната акција затекнале лица што вршеле нерегистрирана дејност. Тие ќе бидат казнети, а сопствениците на базарот се повикани да ја достават целата документација, вклучително и онаа што покажува кој управувал со Зимзоленд.

Проблеми имало и со санитарните услови. При вонреден надзор, Агенцијата за храна и ветеринарство утврдила дека организаторот не е регистриран како оператор со храна и воопшто не ја известил Агенцијата дека ќе се продава храна. Поради неисполнети хигиенски услови, изречени се парични казни.

  • „Поради неисполнување на основни хигиенски услови за поставување на штандови на кои ќе се произведува и ќе се врши промет со храна, АХВ изрече мерки на секој штанд (на физички и на правни лица), но и на правното лице организатор на манифестацијата ЗИМЗОЛЕНД. Нему покрај парична казна од 500 евра, изречена му е и мерка времена забрана за вршење дејност производство и промет со храна,“ соопшти Агенција за храна и ветеринарство.

Во меѓувреме, МВР интервенирало на дел од сообраќајниот хаос, бидејќи овој див лунапарк  создава вистински сообраќаен хаос во Ново Лисиче.

  • „На улицата „Тодор Чангов“ изречени се 12 мерки за непрописно паркирани возила, а контролите ќе продолжат и наредните денови,“ информираше МВР.

Додека лунапаркот со празнични светилки ги привлекува најмалите, институциите дури сега почнуваат да расчистуваат што се работи незаконски: од нерегуларна дејност и хигиенски пропусти, до недостиг на каква било документација за манифестацијата што секојдневно собира илјадници посетители, а Зимзоленд работи веќе две недели, граѓаните реагираа, а Телма се огласи на нивните барања да се испита кој, каде и дали смее да поставуваа реквизити на кои се возат и деца.

Тамара Марковска

Контроли во „Зимзоленд“- АХВ изрече казна во висина од 500 евра и забрана за продажба на храна

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе