Вести Македонија

Во тек е Конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи

Народната банка го отвори Конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за 2026 година, наменета за најдобри трудови од областа на макроекономијата и банкарството. Целта е да се поттикне развојот на научната мисла и да се афирмираат младите стручни кадри. Право на учество имаат државјани на Македонија до 35 години.

Tрудовите треба да содржат осврт на македонската економија и да не надминуваат 80.000 карактери. Може да се конкурира со веќе објавени трудови, но не пред 1 јануари 2024 година. Пријавувањето се врши електронски на [email protected], со кратка биографија и назнака „За Годишната награда на Народната банка“.

Еден автор може да поднесе само еден труд, на македонски, албански или англиски јазик. Крајниот рок за доставување е 1 февруари 2026 година. Првонаградената работа ќе добие 130.000 денари, а второрангираната 65.000 денари.

T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе