Вести Македонија Најважни

Продолжува судењето за случајот „Пулс“

Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“.

На претходното рочиште завршија воведните обраќања на одбраната, додека сите обвинети – 35 физички и три правни лица – повторија дека не се чувствуваат виновни за настанот во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Обвинителството, застапувано од тим од 15 јавни обвинители, најави дека ќе презентира силни докази кои ќе покажат дека клубот бил „смртоносна стапица“ уште од неговото отворање.

Според нив, трагедијата е резултат на систематска негрижа и сериозни институционални пропусти… Судењето се одвива под засилени безбедносни мерки, со присуство на роднините на жртвите, обвинетите и јавноста.

Во Собранието вчера пак се одржа и првата анкетна седница за случајот, на која говореа родителите на загинатите и пратениците. Родителите порачаа дека ќе ја бараат правдата до крај, истакнувајќи дека очекуваат целосно расчистување на одговорноста за најтешката трагедија од ваков тип во земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе