Вести Македонија Топ вести

(видео)Најдобро е премиерот Мицковски да упати демант до британските медиуми, предложи Пивоваров во Топ Тема

Дали британските медиуми шпекулираат или власта не ги открива деталите за стратешките договори со Велика Британија? Во Топ Тема дебата со: Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО- ДПМНЕ, Андреј Жерновски – поранешен заменик министер за надворешни работи и Владимир Пивоваров, поранешен национален координатор за гранично управување.

  • Најдобро е премиерот Мицковски да упати демант до британските медиуми, до нашиот амбасадор и тој мора да биде објавен, предложи Пивоваров.

Тој објасни дека ние немаме никаква допирна точка со британската рута и нивната африканска рута која што доаѓа од Шпанија, преку Франција.

  • Договори има потпишано но, јавно кажувам дека меѓународното право не функционира, она што го вели премиерот ако ги фатиме мигрантите ги враќаме во Грција но дали еден мигрант ја има прифатено Грција- нема, секогаш ни одговараат треба да направиме консултации со Атина, а тоа се илјадници случаи. Што е суштината на тоа дека со камери ќе го решиме прашањето – нема да го решиме, бидејќи луѓе стојат позади тие камери. Еве на пример, Бугарија како членска на ЕУ, доби од ФРОНТЕКС 80 милиони евра и дронови и бродови и хеликоптери… и се е за џабе. Криминалците толку се осилија што убија четири полицајци во Бугарија. Главното прашање се луѓето, криминалците кои ова го организираат. Во извештајот на Европол стои дека секоја година, криумчарите од Македонија заработуваат околу 28 милиони евра, истакна Пивоваров.

Во однос на анализата која утврдува, слабости, добри нешта и можноста, професорот Пивоваров рече дека слабите страни ги има многу, а добра не може да набројам ниту една.

  • Прво културолошката разлика, ако никогаш не учиме од своите грешки, да учиме од туѓите во регионот. Еве кога во Босна останаа оние воени муџахедини, денеска тие се најсериозна опасност на националната безбедност, проблем се за европските партнери. Доаѓаат од тие краишта од каде што ние сега ги примаме мигрантите, не треба сите да ги изедначиме, јасно, но ако една група биде таква веќе националната безбедност е загрозена. Во близина на Приштина има камп, откако се мигрантите таму за 300% се зголемил криминалот од најтежок вид, убиства, силувања, разбојништва. Од тука треба да извлечеме заклучок дека тоа не е добро.

Тој меѓудругото истакна дека разликата меѓу мигрантски кампови и хабови за азилатни е само во терминологијата која ја користат политичарите.

  • Треба да се разјасни за кој вид прифатилишта зборуваме, дали тоа ќе бидат буквално како затвори, каде што тие ќе немаат право на движење. Но, од она што го слушаме од официјалните лица во Британија дадени за нивните медиуми, велат дека тие би добиле право на азил во Македонија и сите останати права, вработување, социјална заштита и сл. Вториот вид е дали можеби тие ќе бидат сместени во социјални станови да имаат слобода на движење, како што наведуваат англиските медиуми, не би сакал тоа да е вистина и го поддржувам она што го вели премиерот дека такво нешто нема да се случи, рече Пивоваров.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Маѓар најави истрага за заемот од 1 милијарда евра од „Ексимбанка“ за Македонија

Sonja Petrusevska

ДУИ: Град Скопје веднаш да го отстрани незаконскиот билборд и да ја почитува двојазичноста

Дејан Дејан

Документарниот филм на Милчо Манчевски „Добри луѓе“ во трка за наградата „Срцето на Сараево“

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе