Вести Македонија

Петрушевски во Топ Тема: Нема да има илегална миграција и тоа прашање е затворено

  • Што се се менува во европските политики за мигранти? Дали британските медиуми шпекулираат или власта не ги открива деталите за стратешките договори со Велика Британија?

Во Топ Тема дебата со: Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО- ДПМНЕ, Андреј Жерновски – поранешен заменик министер за надворешни работи и Владимир Пивоваров, поранешен национален координатор за гранично управување.

  • Кој кому верува кажуваат граѓаните на избори и тие тоа многу јасно го кажаа и на последните парламентарни и на последните локални. Британските медиуми и политичари имаат легитимно право да дебатираат по однос на проблемите кои сакаат да ги решат. Факт во Македонија е дека опозицијата во недостаток на понуда мобилизира граѓани и денеска ете ја започнале „Борбата за Македонија“ со онлајн петиција против мигранти, за што јасно и недвосмислено и премиерот и секој член на владата и пратениците од владеачкото мнозинство кажуваат дека не постои. Нема да има илегална миграција и тоа прашање е затворено и наметнато од страна опозицијата во Македонија, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО- ДПМНЕ.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе