Вести Македонија Најважни

Родителите на загинатите во „Пулс“ очи во очи со државниот врв

Очи во очи со државниот врв, родителите на загинатите во пожарот во кочанската дискотека побараа правда за своите деца и пред собраниската Постојана комисија за заштита на човековите права.

Побараа одговорност и од актуелни функционери, а случајот да се третира како сериозна повреда на човековите права, со акцент на правото на живот.

На седницата која почна со едноминутно молчење, пред премиерот, претседателката на државата, претседателот на Собранието, претседателите и пратеници од сите пратенички групи, зборуваа за корупцијата и системските пропусти што доведоа до трагедијата.

Ние сме овде не само за да жалиме за нашите деца, туку и за да бараме правда за нив. Оваа трагедија не е само поради една погрешно запалена искра, туку последица на системски пропусти кои го загрозуваат најосновното право – правото на живот, безбедност и праведност. Она што го доживеавме не е само институционална неефикасност – тоа е системска опасност за сите граѓани, рече Марија Петрушева, родител.

Меѓу барањата на родителите се и итна институционална поддршка за сите семејства, јасен одговор за доцнењето на истрагата и конкретни рокови за завршување на постапките.

За системските и законски пропусти зборуваа и пратеници од опозицијата, кои бараат и целосно преуредување на политичкиот систем.

Сѐ уште има можност, тоа што го зборуваме декларативно, да го направиме и на теренот, а тоа е нудење на законски решенија. Но и се  додека не направиме реформа на умот, да ни го врати чувството на припадност, малку ќе одиме напред, рече Оливер Спасовски, пратеник од СДСМ.

Премиерот изрази сочувство за загинатите во трагедијата и порача дека државата ќе направи се што може за да им помогне на тие што се лекуваат. За законските пропусти, ги повика пратениците да поднесат предлог-измени. А во однос на барањата за правда, рече дека до праведна разрешница може да се дојде единствено преку судскиот процес.

Правда во рамки на анкетна комисија не може да има, туку само во судски процес. На седницата беше прочитано писмото од Јавниот обвинител дека не може да присуствува затоа што ако ги изнесе деталите и фактите од истрагата, тога ќе влијае на истрагата. За да имате правда, треба да имате факти од истата, а на може да ги изнесете на анкетна комисија поради тоа што ќе ја компромитирате истрагата и процесот, и тие кои треба да бидат одговорни, нема повеќе да бидат одговорни. Вистинското прашање е зошто токму сега после девет месеци од трагедија и зошто континуирано некој прави политичлки егзибиции, праша Мицкоски.

Се очекува заклучоците од денешната седница да бидат подготвени до крајот на неделата, а нова седница за гласање да биде закажана идната недела. Оваа комисија не врши истражни функции, но нејзините наоди можат да бидат основа за поведување на постапка за утврдување на политичка одговорност на носителите на јавни функции.

Далиборка Демјанска Цвтановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе