Вести Македонија Најважни

Денеска седница за трагедијата во Кочани?

Денеска се очекува во законодавниот дом на Македонија да се одржи седница на постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните, свикана по претставка на родителите на трагично загинатите деца во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.

Повикани се сите пратеници и претставници на институциите да присуствуваат и да не бараат изговори за одложување, истакнувајќи дека ова е единствениот ден кога родителите можат да се обратат во Собранието.

Доколку членовите на мнозинството не дојдат на закажаната седница опозицијата нема да може сама да обезбеди кворум за одржување.

Претседателот на Собранието веќе побара да се одложи седницата поради расправата за буџетот, но од Левица, односно Апасиев како прецедавач остана на закажаниот термин.

Инаку изгласана е и посебна акнкетна комисија која треба да ги истражува сите големи трагедии во последните години, меѓу кои и за трагедијата во Пулс.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ССМ: Зголемувањето на старосната граница за пензионирање нe е е решение за покривање на дефицитот на Пензискиот фонд

Дејан Дејан

Крадци ноќеска испразниле банкомат во трговски центар во Скопје

Kristina Kuzmanovski

Усвоени измени на Законот за финансиски лизинг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе