Откако почна пробното тестирање на Сејф Сити кој регистрира илјадници сообраќајни прекршоци, најголемо прашање е дали и како може да се оспорат прекршочните налози кои ќе ги добијат возачите.
Во КОД вечерва, интервју со началникот на скопската полиција, Сашо Топаловски кој ги разјаснува дилемите на возачите, особено со прекршоците за возење побрзо од 50 км./ч. во град.
Во КОД вечерва и за дилемите со баждарење на уредите и камерите на Сејф Сити и штое преземено да се спречат злоупотреби со овој масовен систем за следење и за собирање на податоци.
Во КОД и продолжение на истражувањето за криењето на предмети во Бирото за метрологија.
Емисијата КОД е по вечерните вести на Телма во 19:15 часот.
