„Во петок, 14-ти мај, ќе стигне втората пратка вакцини што ги обезбедивме преку КОВАКС механизмот и ќе ни бидат испорачани 38.400 вакцини од производителот Астра Зенека“, објави на ФБ, министерот за здравство Венко Филипче.
Тој потенцира дека вакцини ќе продолжат да пристигнуваат во следниот период, и апелира сите граѓани да се пријават за вакцинција на www.vakcinacija.mk.













