Вести Македонија

Поднесена е кривична пријава против Костадонов кој рече дека ќе биде на располагање на сите институции

Поднесена е кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, за набавката на електричните автобуси. Костадинов се сомничи за злоупотреба на постапката за јавен повик.

Покрај него, кривична за несовесно работење во службата имаат уште четворица, двајца од Струмица и по едно лице од Богданци и Ново Село. Станува збор за директорот на претпријатието, претседателот и членовите на комисијата за јавни набавки во Струмица-Транспорт. Кривична има уште против едно лице за злоупотреба на постапката за јавен повик.

Поранешниот градоначалник се сомничи дека ги повредил правилата на постапката за јавна набавка на автобуси за Струмица-Транспорт, со ангажирање на одговорно лице кое немало потребни квалификации и лиценца за надзор.

Костадинов е осомничен дека свесно ги повредил прописите, така што во тендерската документација биле наведени спецификации кои недвосмислено одговарале токму на набавените електрични автобуси.

Во образложението се наведува дека со тоа биле набавени десет електрични автобуси, со што е причинета материјална штета од поголеми размери, а отсутното лице со потребни квалификации доведува во прашање реалната вредност, квалитетот и безбедноста на набавените автобуси. Костадинов ги отфрла обвинувањата.

На „Фејсбук“ напиша дека тоа бил проект од стратешко значење, инициран од општината и изгласан од советот на општината со јасни насоки за формирање на јавно претпријатие и спроведување на јавна набавка. Вели дека стои на располагање на надлежните институции.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 15.7.2026

meteo

Мицкоски се извини: „Тоа никогаш нема да ни се повтори“

Дејан Дејан

Европа со нова воздушна одбрана за Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе