Во Собранието денес на пленарна седница, второ читање пратениците ќе ја разгледаат Предлог-одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и фондовите.
Одлуката предвидува пренасочување на средства за финансирање на приоритетите во Буџетот за 2025 година, меѓу кои дополнителни трансфери кон ПИОМ и ФЗОМ, социјални надоместоци, обврски за боледувања и мајчинство, како и средства за проекти од Коридорите 8 и 10д, железничката инфраструктура и урбанистички планови.
Средства се обезбедуваат и за арбитражни постапки, лиценци, реконструкции и други обврски на институциите. Предлог-одлуката веќе помина на Комисијата за финансирање и буџет и на Законодавно-правната комисија. Вчера Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоста рече дека буџетот е во добра кондиција.
T.Д.
