Во попладневните часови на скопската обилколница две патнички возила се судрија помеѓу клучките кон Мирковци и кон Приштина. Сообраќајот засега се одвива само по лентата за престигнување, велат од Автомото сојузот на Македонија.
Од МВР ја потврдија информацијата за сообраќајката и соопштија дека двете лица се пренесени во во клиничкиот центар „Мајка Тереза”.
„Денеска во 16:15 часот во СВР Скопје пријавено е дека на автопатот помеѓу клучка Мирковци и клучка Приштина се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички моторни возила. Бидејќи возилата моментално се наоѓаат во средна лента и лента за принудно запирање, сообраќајот се одвива по лента за престигнување. Од сообраќајната незгода две лица се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, велат од МВР.
