Македонија Топ вести

Од утре угостителите работат до 23.30 часот, Владата го прифати предлогот на Комисијата

Владата го усвои предлогот на Комисијата за заразни болести со кој делумно се разлабавуваат рестирктивните мерки.

Полицискиот час ќе почнува на полноќ и ќе трае до 4 часот наутро, летните тераси на угостителите ќе работат до 23.30 часот но иако мерката стапува на сила од утре, поради верскиот празник Рамазан Бајрам утревечер нема да има полициски час а оваа мерка ќе почне да се применува од четврток навечер.

Од утре пак, се отвараат фитнес центрите, дозволени се семинари и едукативни настани на отворено и затворено со 30 отсто од капацитетот а истото важи и за спортските натпревари, се зголемува бројот групите на дечиња во градинка на 20 а здравствените работници конечно ќе може да здвинат и да земат одмор.

Концертите и свадбите сеуште остануваат забранети а носењето на маски на отворено задолжително.

Здравствените власти соопштија дека разлабавувањето на мерките се должи на стабилизирање на едпидемилошката состојба, намалениот број на новозаболени и хоспитализирани и се поголемиот број на слободни кревети во болниците кои полека се враќаат во функција за своите пациенти.

Министерот за економија, Крешник Белтеши најави дека до крајот на овој месец или најдоцна на почетокот на идниот веќе ќе може да се организираат и свадби.

За таа цел минатата недела побарале од Комисијата за заразни болести да изготви протокол за работа.

Министерот за здравство Венко Филипче без прецизен одговор дали се работи на протоколот и дали најавите на неговиот колега Бектеши ќе поминат на следната седница на Комисијата.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екологисти од цела држава протестираа против изградбата на мали хидроцентрали на реката Дошница

Дејан Дејан

Фатална сообраќајна несреќа во Грција во која учествувал и македонски камионџија

Дејан Дејан

Спасени четири лица од оштетена едрилица во Охридското Езеро

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе