30 –тина дечиња заздравуваат во домашни услови додека 3 од нив се уште неможат да ја победат заразата и се лекуваат на државните клиники откако цела група беше затруена со храна во кумановската градинка „Ангел Шајче“. Првичниот сомнеж на властите е дека храната која се служела во кујната содржела салмонела, причина за масовната зараза.
Резултатите од земените брисеви ќе бидат готвоти до крајот на неделата. Дотогаш градинката делумно е затворена, а
„Изречена е забрана за работа на главната кујна со лента како и двете кујни клонови каде се подготвувала храната. Затворени се и занималните а се врши механичко и хемиско дезинфицирање на просториите” – соопштија од државниот здравствен инспекторат.
Додека инспекторатот, агенцијата и институтот за јавно здравје во Куманово трагаат по причините за заразата кумановскиот градоначалник Максим Димитреиевски најави одговорност за директорката за градинката.
Тој ќе предложи разрешување а одлуката ќе ја носи советот на општината, бидејќи според него мора да посоти и моралана одговорност.
Градинката „Ангел Шајче“ се најде во медиумите откако за време на викендот 30 тина деца се пожалиле на температура, тегоби во стомакот, повраќање и дијареа. Децата се на возраст од 2 до 6 години биле сместени во три објекти, но храната и ккујната им е заедничко на сите нив.
Агенцијата за храна и ветеринарство по вонредниот инспкециски надзор преку земените мостри од фрижидерите и работните кујнски површини се обидува почетокот на заразата да го лоцира во доставената храна и начинот на нејзиното чување во градинката.
Павле Беловски