Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде настрадаа 63 лица, денеска продолжува во „Идризово“. Одбраната тврди дека трагедијата е резултат на институционални пропусти, додека обвинетите не признаваат вина. Родителите на жртвите со силен апел ги повикаа да ја увидат длабочината на трагедијата.
Пред почетокот на рочиштето, дел од родителите истакнаа транспарент со ликовите на жртвите, барајќи обвинетите да ја увидат трагедијата за која се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.
Колешката Елена Ивановска Мукоска се вклучи во вестите во 12:30 часот со информации од денешното рочиште.
