Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“.
На претходното рочиште сите обвинети, 35 физички и три правни лица, кажаа дека не се чувствуваат виновни за трагедијата во која загинаа 63 луѓе, а над 200 беа повредени, а обвинителството најавува силни докази.
Судeњето се одвива под засилени безбедносни мерки, со присуство на роднини на жртвите, обвинителството и јавноста.
Обвинителството, застапувано од тим од 15 јавни обвинители, најави дека доказите ќе покажат дека клубот „Пулс“ бил смртоносна стапица уште од самиот почеток, а трагедијата е резултат на систематска негрижа и институционални пропусти.
Трагедијата во Кочани се случи на 16 март 2025 година. На обвинителна клупа седнаа сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедувачи и државни службеници.
