Вести Македонија Топ вести

АХВ напиша казни за фирмата оператор во ОУ „Димо Хаџи Димов“

Фирмата оператор ќе добие најмалку три казни за пропусти во работењето кои резултираа со хоспитализација на ученици во ОУ „Димо Хаџи Димов“, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за Телма. Операторот работи и ги снабдува останатите училишта во Општина Карпош, бидејќи таму вонредниот надзор не покажа никакви неправилности ниту во храната, ниту во ланецот на чување, транспорт и сервирање, ниту во училишните кујни. Едно училиште ќе добие казна од АХВ, бидејќи во кујната бил затекнат вработен кој немал здравствен сертификат, неопходен за работа со храна.

Од АХВ соопштија дека од ИЈЗ го чекаат епидемиолошкиот статус за „норовирусот“ кај децата во ОУ „Димо Хаџи Димов“ и дека тоа дополнително може да резултира со мерки од Агенцијата.

По наредба на санитарниот инспекторат, викендов беше извршена дезинфекција, дезинсекција и дератизација во ОУ „Димо Хаџи Димов“ и беа земени брисеви од вработените. Од инспекторатот за Телма соопштија дека лентата на училишната кујна останува, се додека од ЦЈЗ и ИЈЗ не достават лабораториски резултати кои покажуваат дека кујната, но и училиштето се безбедни.

„Објектот е целосно затворен до добивање на завршна информација од ЦЈЗ и доставување на резултати од земените примероци од ИЈЗ. Училишната кујна ќе се отвори по добивање на овие резултати во заеднички координиран контролен надзор, заедно со АХВ. Во делот кога се врши надзорот, вршиме и контрола за спроведени вонредни хигиенски мерки, вонредна дезинфекција дератизација и вонредни здравствено-хигиенски мерки за вработените“, изјави Кирил Лазов, директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Наставата во ОУ „Димо Хаџи Димов“ продолжува паралелно со лабораториските испитувања во институтот за јавно здравје.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе