Вести Македонија

Уставниот суд ќе го извести Собранието за оставката на Дабовиќ-Анастасовска

Кој ќе ја наследи функцијата на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска надлежно е Собранието, откако таа си поднесе неотповиклива оставка од Уставниот суд. Само со седум судии остана овој суд, а Дабовиќ-Анастасовска реши да го напушти од лични и здравствени причини и се враќа на професорското место. Уставниот суд сега чека официјално да престане нејзиниот мандат.

„Откако Уставниот суд ќе биде известен дека е констатиран престанок на мандат по основ на поднесена оставка од страна на судијата проф. д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, ќе испрати известување до Собранието дека се создадeни услови Собранието да избере нов судија на Уставниот суд. Во однос на прашањето кога е констатирана оставка и до кога судијата ќе доаѓа на работа во Уставниот суд, потсетуваме дека Судот не е органот пред кој што судијата дава оставка и не ги уредува условите за престанок на функција“, информираат од Уставен суд.

Додека, пак, за исполнување на испразнетото место на Елизабета Дуковска, чиј избор за уставен судија го поништи Управниот суд, надележен е Судскиот совет.

„Значи местото каде што беше колешката Елизабета Дуковска го предлага Судски совет. Додека во поглед на судијата Дабовиќ, ние таму немаме ингеренции. Таа оди преку Собрание. Имавме одржани повеќе работни состаноци во Судскиот совет. Имавме различни мислења и мислам дека сме пред усогласување на тие различни мислења за да може да го ставиме како точка на дневен ред“, изјави Александар Камбовски, претседател на Судски совет.

Разликите биле во тоа дали да ги прегласуваат истите кандидати или да се оди на нов предлог на местото на Дуковски. Изрази надеж дека до крајот на годината ќе имаат предлог за нејзин наследик. Во однос на огласите за избор на претседатели на неколку судови како управниот, скопскиот кривичен и виш управен суд, постапките се при крај, но Камбoвски не знае дали ќе успеат до крајот на декември да ги поминат на седница.

Тој додаде дека на судовите им фалат пари за 300 нови вработени. За платите на судиите, Камбовски информираше дека највисоката нето плата минатата година изнесувала 129.000 денари или околу 2.000 евра, со вклучени дополнителни бенефиции.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе