Апликации за сообраќај, кои може да се симнат од агрегатот на Гугл веќе ги мапираат камерите на МВР поставени во рамки на проектот „Безбеден град“, што пак го пробуди интересот на скопјани за спас од радарите кои почнаа да испраќаат опомени.
Возачите преку овие апликации можат да знаат каде треба да внимават, за да избегнат казни или одземање на возачка дозвола.
Проектот на МВР, кој има за цел да ја зголеми безбедноста и дисциплината во сообраќајот, поставува камери на клучни крстосници, но нивната точна локација не е јавно објавена.
Апликациите овозможуваат предупредување за камери, сообраќаен метеж, работи на патот или полиција, што ги прави популарни кај учесниците во сообраќајот.
За да се користи апликацијата, доволно е да се внесе дестинацијата и патот се трасира со сите точки каде треба да се внимава. Дел од граѓаните побрзаа да ги симнат со цел да го избегнат ризикот од казнување.
