Македонија

„Учебници и настава мора да има“ во сабота на марш во Скопје и мирни протести низ другите градови

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ во сабота ќе одржи марш во Скопје и мирни протести низ другите градови, најавија денеска на прес-конференција која се одржа пред Министерството за образование и наука.

Преку тоа тие ќе ја покренат иницијативата за стопирање на донесувањето на Законот за учебници и други наставни и дидактички материјали кој е дел од реформите на националниот образовен систем,  што ги најави министерката за образование, Мила Царовска.

Почнуваме со мирни протести во градовите низ Македонија и мирен марш во Скопје во сабота, 15 мај со почеток од 12 часот, изјави Драгана Спасевска од „Учебници и настава мора да има“. Маршот ќе почне пред Министерството за образование, рутата дополнително ќе биде одредена.

„Учебници и настава мора да има“ ќе продлжи со поднесување на граѓанска иницијатива за задолжителен референдум против овој закон.

Доставивме мислења и барања базирани на истражувања и искуства. Се потрудивме да предложиме решенија и компромис во измените на законот со една цел, да има „реформи по мерка на ученикот“, велат од иницијативата.

Информираа и дека бојкотот на наставата ќе биде прекинат, бидејќи како што појаснија, остануваат уште малку училишни денови и треба да им се даде можност на децата да ги поправат оценките и да немаат дополнителен стрес.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Седум јавни расправи во Управниот суд ќе се разгледуваат тужбите на „Европски фронт“

Дејан Дејан

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе