Сообраќајот на граничниот премин Дојран од грчка страна утрово е целосно блокиран поради штрајк на земјоделци. Според нивната објава, протестот започна во 10:30 часот и трае до 12:30 часот, при што преминот е непрооден за сите видови возила.
Блокадата предизвикува застој на возилата кои се упатуваат кон Грција, а моментално не е познато дали протестите ќе продолжат и по најавениот термин. Од АМСМ апелираат граѓаните да ја следат состојбата и навреме да ги планираат своите патувања.
Возачите се советуваат да користат алтернативни гранични премини додека преминот е блокиран. Институциите остануваат во комуникација со грчките власти за навремено известување за сите промени во режимот на сообраќај.
Т.Д.
