Во држава каде што секој ден никнуваат нови згради, а просторот станува се потесен, најмногу страдаат токму оние кои треба да се чувствуваат најбезбедно – граѓаните во сопствените домови. Семејство од Тетово живее во дом без дневна светлина иако ги алармирале сите институции. На Водно, земјата полека се руши под куќите, а жителите од Шипковица ги напуштија своите домови, поради одрони… Овие три приказни од различни краеви имаат една иста точка – државата не контролира кога и како се гради.
Кога институциите ќе почнат да го штитат јавниот интерес, а не само да потпишуваат дозволи?
Кој ќе одговара зашто градбите станаа поважни од луѓето?
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
