Околу 600 милиони евра помалку странски инвестиции заклучно со септември годинава во однос на истиот период лани. Ова го покажуваат податоците на Народната банка. Годинава за девет месеци изнесуваат нешто на 200 милиони евра, лани во овој период надминувале 840 милиони евра.
Народната банка објави и дека само во третиот квартал односно во јули, август и септември вкупните директни инвестиции во земјава бележат нето одлив во износ од 21, 8 милиони евра како резултат на нето одливите кај должничките инструменти и реинвестирање на добивката.
Веќе е евидентно дека кризата во Германија се прелева полека и кај странските компании кои работат во земјава. Две од нив, Аптив и Дура се пред затворање на својот погон. За ваквото заминување премиерот Мицкоски рече дека не е крај на светот. Некои се принудени да го намалат бројот на вработени, други да укинат смени.
Главните менаџери кои управуваат со овие компании кај нас реагираа и дека прв пат оваа година доцни државната помош со образложение дека било заради изборите.
