Македонија Топ вести

Менкиновски: Камчев е киндапиран!

Бизнисменот Јордан Камчев е киднапиран – така тврди неговиот адвокат.

Тој е во притвор во Шутка одреден од кривичниот суд, но според адвокатот Менкиновски решението е напишано само врз база на службена белешка на Агенцијата за национална безбедност која ништо не кажува.

И покрај тоа што таа е со назнака строго доверливо, Менкиновски тврди дека загрижен граѓанин ја обавил на социјалните мрежи.

За него е спорно што бизнисменот е следен од тајните служби и покрај тоа што не претставува опасност за безбедноста на државата, не е поврзан со тероризам и не финансира насилен екстремизам.

Уште повеќе вели Менкиновски притворот е одреден само врз база на оваа белешка која не смее да биде дкоаз во судска постапка бидејќи е напишана од АНБ.

Според она што го пишува во објавената белешка Камчев наводно во хотел во берово, престојувал заедно со придружничка со која требало да замине за бугарија. Во комплексот се сретнал со припадник на тајна служба на друга држава, кој требало да им обезбеди стан во Бугарија.

“Ваквите активности Камчев ги планирал заради фактот што добил сознанија дека во наредниот период реална е можноста да биде осуден за случаите кои против него се водат во обвинителството, како и за покренување нови постапки во кои ќе бидат опфатени и дел од фирмите кои ги поседува во државата” – се вели во службената белешка на АНБ.

Според обвинителката Вилма Русковска обвинениетопротив Камчев е веќе подготвено и ќе биде поднесено оваа недела. Неговиот притвор истекува токму неделава па адвокатот се сомнева дека поднесувањето на обвинението е причина за Камчев да остане в притвор, а да се сокрие белешката.

Ако се погледне решението на судот со кое Камчев е во притвор пишува дека обвинителството се сомневало дека тој може да избега во соседна Бугарија бидејки има двојно државјанство и живеалиште во софија и ако избега не би можел да биде екстрадирана има и фирми во странство.

Сомнежите ги темелат и врз база на службена белешка на АНБ чија содржина таму не е откриена. Одбраната пак останува на ставот дека тој мора да се брани од слобода. Под меѓународен мониторинг за што веќе се заинтересирале и советот за тортура во Стразбур.

Тврдат дека 5 денови Камчев во Шутка немал допир со вода ниту за пиење ни за користење. Инаку тој е осомничен за случајот плацеви на Водно,

предмет за перење на пари што потекнуваат од партиски донации на ВМРО-ДПМНЕ, односно 1,3 милиони евра потрошени за земјиште на Водно поврзано со Никола Груевски. Тој пак даде гаранција од 1,7 милиони евра во станови и имот, но судот не го пушти од притвор. Заедно со него се осомничени и неговата мајка, екс премиерот Никола груевски и неговиот поранешен кум и уште две лица.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Од погребните церемонии за ликвидираните генерали и научници Иран испрати пркосни пораки

Дејан Дејан

Наталитетот во слободен пад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе