Македонија Најважни

Мицкоски од ЕУ побара преговори веднаш и сега

Преговори веднаш и сега побара од ЕУ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Прилеп, каде партијата го одебележа Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот.

Тој рече дека Македонија за време на НОБ, во борбата против фашизмот,  беше на вистинската страна, за разлика од многу други народи и соседни држави, поради што државата има  легитимно право да учествува во градењето на слободарска Европа.

-Овој народ заслужува европска иднина, овој народ заслужува Македонија да седне заедно со сите држави кои се дел од европското семејство, овој народн заслужува да ги споделува европските вредности. Престанете со   доплнителни услови, преговори сега и веднаш а паралелно со преговорите нека течат разговорите со нашиот источен сосед. Тоа е формулата за успех и тоа треба да се случи уште сега, на самиотот на крајот од  јуни  оваа година, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Мицковски рече дека од добивањето на датум за почеток на преговори  не сме мрднале ниту милиметар, а веќе 30 години правиме  отстапки, па сменавме знаме, устав,  име.

-И што добивме? Од Европа добивме тапкање по рамо, ветувања и нов услов за напредок на патот кон ЕУ. Сега наместо почеток на преговорите условот е да признаеме дека пред 1944 година сме биле Бугари, дека нашиот јазик бил бугарски, изјави Христијан Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека сосотјбата во државата  не била никогаш полоша во последните 30 години, па оваа Влада треба што поскоро да замине, поради што партијата заедно со локаланите ќе бара предвремени парламнетарни избори и најви четврти Илинден во  Македонија

– Ќе се борам  крвнички за секој еден од вас и заедно ќе градиме се што овие уништија. Македонија ќе го има својот 4 Илинден и ќе биде просперитетна држава, а ќе ја вратиме надежта дека може подобро, порача во својот говор Мицкоски

Собирот  се одржа кај Могилата на непобедните, каде дистанца меѓу присутните речиси и да немаше, а  некои не носеа ниту заштитни маски, иако Прилеп до скоро беше најголемо жариште на вирусот, со најмногу заболени и со најголема смртност.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Наталитетот во слободен пад

Дејан Дејан

КОД: Надзорните камери придонесоа за намалување на сообраќајните прекршоци, истиот ефект се очекува и од Сејф сити

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе